Економија

Седумстотини компании со блокирани сметки, не исплатиле ниту денар плата на вработените од почетокот на годинава

Седумстотини компании немаат исплатено ниту денар плата на вработените од почетокот на годинава, во некои компании на вработените им исплаќале плата од 10 денари а вкупно 17 илјади работници сеуште чекаат на септемврискиот личен доход, покажува анализата на УЈП.

Според деталните податоци на Управата, заклучно со вторникот, 2.730 газди на фирми во кои работат 8.600 лица платеиле даноци и придонеси на не исплатиле плата додека 5.455 газди на фирми каде работат дополнителни 8.500 вработени воопшто немаат поднесено пресметки до УЈП односно не ги платиле ниту давачките кон државата.

Фирмите каде работниците не добиле ниту денар плата се со блокирани сметки, а од УЈП најавуваат казни и за газдите кои доцнат со септемвриската плата.

„Од анализата која ја извршивме од први до деветми месец заклучно 5.428 работодавачи доцнеле со реализацијата на обврските по основ на мпи пресметките кои што треба да ги достават до УЈП односно во делот на уплатат на придонеси и данокот и исплата на нето плата. Од нив 1.912 имаат доцнење повеќе од еден месец додека седумстотини даночни обврзници доцнат со реализација од самиот почеток на годината и кај сите тие се превземени соодветни мерки во делот на прислна наплата “, изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП

Од почетокот на годинава 5.248 компании се соочиле со проблем при редовна исплата на плати а УЈП регистрирала дека кај 1.912 компании овој проблем траел подолго од еден месец и вработените морале да чекаат на заработените пари.

Според анализата на Управата најголем број од компаниите се во скопскиот регион, а 1.500 компании кај кои имало проблем со уплата на придонеси и данок биле човек фирма,.

Некои компании пак откако ги платиле даноците и придонесите кон државата на своите вработени им исплатиле 5 односно 10 денари како личен доход но по интервенција на УЈП тие ги смениле пријавите и исплатиле целосен личен доход.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе