Вести Економија

Бочварски: Синохидро е платен и има рок до Нова Година да го предаде автопатот Кичево- Охрид во употреба

Владата ќе ја чека ревизијата на експертите од Меѓународната федерација на инженери  консултанти , која се очекува да покаже во која насока треба да продолжи изградбата на автопатот  Охрид Кичево, кој и по 10 години се уште е далеку од завршница. Министерот за транспорт и врски Благој Бочвраски, вели дека покрај  ФИДИК експертите, ЈП за државни патишта ќе ангажира и стручни лица кои ќе бараат решение за 11 нови свлечишта што се појавија на трасата  и се сериозен проблем. Потоа ќе се знае дали Синохидро ќе го напушти градилиштето или пратениците по четврти пат ќе го продолжат договорт со  кинеската компанија кој завршува на крајот од годината.

-По утврдување на сите овие правци, кои што ќе произлезат од стручни лица, , без при тоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобрата политичка одлука за завршување на автопатот, но тој автопат да биде безбеден и сигурен, вели Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Бочварски вели дека кинеската компанија досега не побарала средба со Владата по најавите дека се разгледува  можноста државата да не го продолжи договорот со Синохидро, но вели отворени се за разговор.

-Синохиддро во изминатиот период беа во континуирана координација со Министерството, со ЈП за државни патишта,, со сите подизведувачи во насока на решавање  за сите прашања што се отвораат во текот на изградбата. Доколку побараат средба секако дека ќе ја реализираме. Инаку на техничко ниво се одржуваат средби, важно  е дека компанијата до 31 декември имаат и рок и фронт за работа, вели  Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Но, веќе е извесно  дека 58 километри од автопатот Охрид Кичево нема да бидат  завршени до крајот на годината. Делницата започна да се гради во 2013 година, и досега се потрошени 600 милиони евра. Премиерот Ковачевски вчера не ја исклучи можноста државаат да се соочи со тужба и пенали ако договорот не се продолжи. За одговорност за изборот на Синохидро запре и кривичното гонење против експремиерот Никола Груевски, и тогашните функционери Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски и Љупчо Георгиевски поради измените на кривичниот законик.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

24 загинати, десетици деца исчезнати по катастрофални поплави во Тексас

Дејан Дејан

Судот му даде куќен притвор на мотоциклистот кој до смрт прегази пешак на скопскиот Кеј зад владата и избега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе