Економија

Половина денар поевтини бензини од полноќ

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката на РКЕ, бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот се намалува за еден денар.

Па така, од ноќеска на полноќ литар еуросупер БС-95 ќе биде со цена од 81 денар за литар, бензинот еуросупер БС-98 ќе се продава за 83 денари, а еуродизелот ќе чини 80,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 80 денари за литар, додека мазутот ќе се продава за 46,001 денар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Граѓаните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе