Вести Најважни Свет

Ве уверуваме дека цврсто стоиме крај вас – Фон дер Лајен во шеста посета на Украина

Европската интеграција на Украина, финансиската и воена поддршка за земјата, како и 12-от пакет санкции против Русија, ќе бидат главна тема на разговорите за време на денешната посета на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на Киев.

„Секогаш имам цел пакет полн со теми за кои треба да разговараме. Започнуваме со прашањето за проширувањето, односно за барањето на Украина да стане членка на Европската Унија. Се продолжува на темата за финансиската и воената поддршка за Украина, но и за прашањата поврзани со 12-от пакет санкции“, изјави Фон Дер Лајен.

Таа нагласи дека секогаш кога патува во Украина има одредено чувство на тензија, што е разбирливо бидејќи земјата е воена зона, но и цврсто уверување дека носи охрабрување и поттик.

„Уште еднаш да ја увериме Украина дека цврсто стоиме покрај неа“, додаде претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен истакна дека нејзиното денешно патување во Украина е во рамки на пакетот посети на земјите кандидати за членство во ЕУ пред објавувањето на најновиот извештајот за нивниот напредок на европскиот пат.

Во објава на платформата Икс таа нагласи дека целта на нејзината шеста воена посета на Киев е да разговара и за финансиската поддршка на ЕУ за обнова на Украина како модерна и просперитетна демократија, но и за тоа „како да ја натераме Русија да плати за својата агресивна војна“.

Според најавите, предвидено е Фон дер Лајен во Киев да има средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со премиерот Денис Шмихал, како и да се обрати пред пратениците во Врховната Рада. Таа, заедно со првата дама на Украина, Олена Зеленска ќе присуства на настан на донација на автобуси, а ќе посети и центар за заштита на децата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе