Јордан го повлече својот амбасадор од Израел, се наведува во соопштението на јорданското Министерство за надворешни работи. Министерот Ајман ал-Сафади изрази осуда за израелското беснеење на војната во Газа. Во соопштението, исто така, се вели дека изралескиот амбасадор, кој моментно не е во земјата, не е добредојден во Аман.
„Министерот за надворешни работи Ајман ал-Сафади одлучи да го повлече јорданскиот амбасадор во Израел. Ја отфрламе и осудуваме израелската војна што продолжува во Газа која убива недолжни и предизвикува хуманитарна катастрофа без преседан“, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи на Јордан.
Ал-Сафади рече дека амбасадорите може да се вратат кога „Израел ќе ја запре војната во Газа“, хуманитарната катастрофа што ја предизвикува и ги запре мерките на лишување на Палестинците од правата на вода, храна, лекови и да живеат сигурен и стабилен живот.
Јордан потпиша мировен договор со Израел во 1994 година, со што стана втора арапска земја која воспостави дипломатски односи со Израел.
Своите амбасадори од Израел претходно ги повлекоа и Чиле и Колумбија поради „израелското масакрирање на палестински цивили“. Бразил, пак, апелира со Израелците да престанат со убивање на деца.