Вести Најважни Свет

Хаос и паника во Газа – Израел цела ноќ бомбардира тунели на Хамас, на терен тенкови

Хаос и паника во северниот дел на Газа по огромното бомбардирање во текот на ноќта, Репортерите на Би Би Си кои известуваат од терен јавуваат дека „вакво нешто досега не сме виделе, небото цела ноќ беше осветлено од бомби, кои се чинеше беа од различни видови“. Комуникациските врски ги нема, па амбулантните возила само возеле кон експлозиите да ги соберат повредените или жртвите.

Советот за безбедност на ОН, вчера изгласа резолуција со која повикува итен прекин на огнот, но Израел ја нарече резолуцијата „одвратна“.

Израелската Армија објави дека „погодила 150 подземни цели“ во северниот дел на Појасот Газа за време на интензивните бомбардирања во текот на ноќта. Израел верува дека палестинското исламистичко движење ги организира своите операции од голема мрежа на подземни тунели.

-Во текот на ноќта, воените авиони нападнаа 150 подземни цели во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и тунели што ги користат терористите, подземни борбени локации и друга подземна инфраструктура. Неколку терористи на Хамас се убиени, се вели во коминикето, објавено по ноќешните интензивни израелски воздушни напади врз палестинската територија.

ИДФ соопшти дека израелски воени авиони го убиле шефот на воздухопловните сили на Хамас, кој бил вклучен во планирањето на нападот на 7 октомври. Во соопштението се вели дека Асем Абу Ракаба бил одговорен за дронови, параглајдери, откривање и воздушна одбрана на Хамас.

Израелските бомбардирања во Појасот Газа продолжија и во текот на ноќта. Засега нема извештаи за жртви, но медицински извори од Палестинската територија велат дека стравуваат од голем број жртви и значителна штета од бомбардирањето.

Пешадијата од ИДФ и тенковите се уште остануваат во Појасот Газа додека копнената операција продолжува.

ИДФ ги оквалификува нападите како „проширена копнена активност“, наместо целосна копнена офанзива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран го погоди Медитеранот, пикот допрва доаѓа

Дејан Дејан

Балтичките држави и официјално се повлекоа од Договорот за противпешадиски мини

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе