Вести Свет

(вознемирувачко видео) Убиено цело семејство на новинар од Ал Џазира кој известуваше од појасот Газа

Главниот дописник на Ал Џезира од Појасот Газа, Ваел Дахдух, вчера се збогуваше со својата сопруга, син, ќерка и внук кои беа убиени по израелскиот воздушен напад ден претходно.

Дахдух помагаше да се емитуваат слики во живо од ноќното небо на опколената територија во средата кога ја дознал катастрофалната вест дека неговата сопруга, син и ќерка беа убиени во воздушниот напад.

На кратко преивеа само 18-месечниот внук на Дахдух, кој беше пренесен во болница, но по два часа почина.

Според Ал Џезира, членовите на семејството на Дахдух биле убиени во израелски воздушен напад што го погодил бегалскиот камп Нусејрат, кој се наоѓа во област на Газа каде израелската војска ги охрабруваше луѓето да се преселат за да останат безбедни.

Во соопштението, Ал Џезира вели дека семејството на Дахдух „било цел“ во „неселективен напад од страна на израелската окупација“.

Израелската армија немаше моментален коментар. Таа вели дека напаѓа само воени цели на Хамас, но Палестинците велат дека илјадници цивили загинале. Израел го обвинува Хамас дека користи цивили како жив штит.

Семејството на Дахдух беше меѓу повеќе од 1 милион жители на Газа раселени поради војната што започна на 7 октомври и престојуваа во куќа во Нусејрат кога се случи нападот, соопшти мрежата.

На снимките, кои се вознемирувачки, а ги пренесоа светските медиуми е снимен репортерот Ваел Дахдух, кој е облечен во панцир на кој пишува Press. Не може да ги воздржи солзите за загубата на целото свое семејство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Дејан Дејан

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе