Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за ситуацијата во Израел и Газа во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Нацртот имаше за цел да ја реши хуманитарната криза во Газа со повикување на прекин на огнот за да се овозможи пристигнување на хуманитарна помош.
Обединетите Арапски Емирати беа против американската резолуција, додека 10 членки на Советот за безбедност гласаа за, а двајца беа воздржани.
Претходно поддршка не доби ниту руската резолуција која предвидуваше хуманитарен прекин на огнот и недвосмислена осуда на нападите на Хамас на 7 октомври во Израел и на нападите врз цивили и цивилни објекти во Газа.
Гласањето беше 4 за, два гласа против, а девет членки не се изјаснија и останаа воздржани. За да помине резолуцијата треба да добие најмалку 9 гласа „за“.