Колку Министерството за политички систем треба да се занимава со афирмирање на придобивките за локалните жители во Македонија од вработување во компанијата „Бехтел и Енка“? Според пратеничката Сиљановска, воопшто не треба! Но, според министерот Груби, само се продолжува праксата воведена од ВМРО-ДПМНЕ изминатите децении.
Груби ја обвини целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на која припаѓа и Сиљановска, дека „слепо“ ги слуша партиските наредби, независно дали се работи за „лажни вести“ поврзани со коридорите 8 и 10д или за уставни измени. Таа го потсети како во ДУИ се величи лидерот.
Голем дел од пратеничките прашања мораше да бидат поставени писмено поради отсуство на министрите и нивните заменици.
Соња Николовска