Во Грѓанскиот суд продолжи судењето по тужбата на министерката за одбрана Славјанка Петровска против пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки.
Петровска го тужи за клевета поради како што вели невиситините кои повеќе пати ги изнесувал против неа дека крие имот, хациенда со базен во скопско Радишани, која била бесправно изградена.
Петровска објаснуваше дека имотот неизграден го продала уште пред да стане министерка, а новите сопственици изградиле објект.
Одбраната со став дека нема клевета туку отворање на прашања од јавен интерес. Денеска се одржа подготвително рочиште, а на следното закажано за 30ти ноември во судницата ќе се соочат Перовска и Ковачки. Двајцата се повикани за распит.