Вести Македонија

Мицкоски не знае дали ќе се сретне со Фон дер Лајен, но ставот за уставните измени му е непроменет

На новнарско прашање дали ќе има состанок со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски одговори дека кај него некој добронамерник е добредојден. Тој ги обвини министрите дека на соговорниците од странство им давале лажни информации.

  • „Ме прашавте дали има барање за состанок кај мене, секој добронамерник е добредојден. Секој кој што сака да разговара, јас ќе разговарам. Имаме ние многу теми кои што за нас се многу поважни од темата уставни измени и вклучително темата уставни измени. Ние нашите аргументи сме ги кажале, многупати доаѓале во овие 16 месеци и многупати по телефон сме разговарале, стотици пати со големи светски дипломати. Не сме слушнале од другата страна аргумент кој што нас може да ни даде една комотна ситуација и комфорна, и да речеме е да сега не убедивте“, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан дали ќе има состанок со Фон Дер Лајен.

Мицкоски додаде дека многупати соговорниците од странство добивале лажни информации од Владата, па и од Бујар Османи.

  • „Многупати на тие состаноци, во тие телефонски разговори ние со нашите аргументи сме ги разубедувале соговорниците бидејќи добивале претходно лажни информации од страна на луѓето во Владата, меѓу кои е и овој кој што го споменавте Бујар Османи“, рече Мицкоски.

„Јас ги разбирам, под притисок се, очајни се, гледаат како доаѓа крајот на нивната политичка кариера, свесни се за тоа што го правеа овие шест години, свесни се дека со нас и со мене лично нема договор и трговија за политичка амнестија, свесни се дека ќе одговараат многу скоро“, појасни тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе