Македонија

Итно отстранување на оловната згура од кај Лепенец зашто колку подолго стои, толку загадувањето ќе биде поголемо, велат од ИЈЗ

Подолга изложеност на отпадот од олово, складиран нелегално на приватен имот во близина на реката Лепенец, значи поголемо загадување на целиот жив свет во околината, велат од Институтот за јавно здравје. Нивните анализи покажале дека концентрацијата на олово на површинските води на Лепенец, не ги надминува дозволените граници. Но, тоа не значи дека треба да се опуштиме, туку под итно згурата да се дислоцира зашто складирана без заштита, таа е опасна за здравјето на луѓето, а особено за децата и трудниците, потенцираат од ИЈЗ.

Колку подолго време животната средина е изложена на контаминација од несоодветно депонираниот оловен отпад во близина на реката Лепенец, толку повеќе таа се загадува. А, последиците по целиот жив свет се катастрофални, особено за луѓето, зашто може да предизвика акутни и хронични ефекти, велат од Секторот за квалитет на води при Институтот за јавно здравје.

  • Се работи за хемикалија, односно елемент кој што е кумулативен и перзистентен во животната средина. Што значи дека колку подолго трае изложеноста на луѓето, животните, без разлика на тоа дали се копнени или водени животни, толку повеќе се кумулира во нашето тело. Може да се загрози нашето здравје и преку ингестија или проголтување на вода, или пиење на вода или јадење на контаминирана храна со овој тежок метал. И вториот начин преку инхалација, односно преку вдишување на честички што го содржат оловото вели проф. д-р Мирјана Димовска од Секторот за квалитет на води при Институтот за јавно здравје.

Концентрацијата на олово на површинските води на Лепенец не го надминува дозволеното ниво, покажала последната анализа  на ИЈЗ. Но, во август била измерена повисока концентрација од 10 микрограми на метар кубен, што е блиску до горната граница на дозволеното.

  • Нема опуштање. Значи со ваков токсичен елемент под итно треба да се превземат мерки за да се отстрани, вели Димовска.

Додека здравствените работници алармираат, втор ден  Државниот инспекторат за животна средина ја проверува документацијата на фирмата „ Рецикал Еко-Старт“, за која еко- активистите изразија сомнеж дека е можно таа да го одложила канцерогениот отпад,  зашто се наоѓа на 2, 5 километри од местото каде е складиран, а се занимава со преработка на акумулаторски батерии и производство на рафинирано олово и оловни легури. Од Инспекторатот велат дека имаат рок од 3 дена да го состават записникот и да го достават до фирмата. А, таа има рок од 8 дена да одговори на евентуалните забелешки. По откривањето на 500 до 600 тони депонираниот отпад на приватен имот, на патот кон селото Орман, од страна на инспектор од „ Ѓорче Петорв“, издадено е решение во рок од 30 дена да биде отстранет. Но, ако се утврди дека „ Рецикал Еко- Старт“ го складирала отпадот, ниту таа има дозвола за негова дислокација , ниту пак во земјава постои депонија за таков опасен отпад.

А, каков е составот на оловната згура ќе покаже анализата од земените примероци . Поради природата на работата, на резултатите ќе треба да се почека неколку дена, кажаа од Инспекторатот за животна средина.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе