Да се прашува собранискиот спикер, не би го избрал 8 мај за датум за двојни избори. На редовната средба со новинарите појасни дека, согласно роковите, новиот претседател на државата треба да биде инаугуриран најдоцна до 12 мај, што остава мал простор за евентуално прегласување и жалби. А доколку се пречекори рокот од 12 мај, ќе се смета дека претседател не е избран и изборите ќе мора да се повторат.
Но, им остава простор првин на политичките лидери да се договорат и најдоцна до Нова година да се изјаснат по прашањето на изборите. Ги повика да размислат за формирање на работна група за договор за изборите.
Можни датуми, според роковите за првиот круг на претседателските избори се 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
Најраниот датум за парламентарните избори е 5. Мај, а најдоцниот на 15 јули.Се` што е пред 5 мај, ќе се смета за предвремени избори за што има други рокови.