Вести Свет

Бајден се огласи по убиството во Мејн: Да се забрани купувањето на агресивно оружје

По убиството во Мејн се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, порачувајќи дека „нацијата жали по уште едно бесмислено и трагично масовно пукање”.

Исто така ги повика и републиканските законодавци да го забранат агресивно оружје и да воведат универзална проверка на лицата кои сакаат да купат.

,,Безброј Американци кои преживеале вооружено насилство и од истото биле трауматизирани, ваквото пукање им отвора големи и болни рани. Премногу Американци имаат убиен или повреден член на семејство во вооружено насилство. Тоа не е нормално и не можеме да го прифатиме“, додаде Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Дејан Дејан

СЗО: Најмалку 112 палестински деца дневно завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост

Дејан Дејан

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе