Со измените на Кривичниот законик на екс министерот Миле Јанакиески му застарува злоупотребата на службена положба во предметот Талир за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ. За Никола Груевски и Кирил Божиновски ова дело застарува на крајот на 2025 е ставот на обвинителката Ленче Ристовска која му предложи на судијата да донесе решенение за застарување. Таа не се согласи со барањето на адвокатот на екс генералниот секретар на владата, Божиновски кој побара судијата да констатира дека и за него делото застарело. Судијата ја задолжи на следното рочиште на 10 ноември да го прецизира обивнението односно да впише дека Јанкиевски е обивнет дека злоупотребата ја сторил во мај 2013 на Јанакиевски за да може да донесе одлука дека 10 години подоцна веќе му е застарено.
- Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг закон. Јанакиески, согласно обвинението, се товари по член 353. став 4, за дејствија што ги презел во 2013 година. Имајќи ги предвид новите казни за ова дело, а во корелација со членовите 107 и 108 од КЗ, сметам дека има основ да се применат одредбите од КЗ и му предлагам на судот да донесе одлука за примена на законот кој што е поповолен за него“ рече Ленче Ристовска, обвинителка
Без злоупотреба на службената положба, за екс министерот Миле Јанкиевски судењето ќе продолжи со делото перење пари кое не беше засегнато од измените на КЗ. И другите обвинети одговараат за перење пари. Илија Димовски и адвокатот на ВМРО ДПМНЕ бараа судот да утврди дека и ним им застарува гонењето. За обвинителката ова е неосновано. Според неа за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и Леко Ристовски перењето пари застарува на последниот ден од 2035 а за партијата ВМРО ДПМНЕ на крајот од 2026.
Судењето за Талир следното рочише ќе почне од почеток поради промена на еден од поротниците. Од одбраната ќе зависи дали повторно ќе се изведуваат сите докази и ќе се повикуваат сите сведоци или пак тоа ќе се стори само формално, за процесот да продолжи без одолговлекување, таму каде што застана сега. Судењето за Талир почна во март 2020 година а на кеспремиерот Груевски му се суди во отсуство. Предметот Талир 2 кој е поврзан со седиштето на ВМРО ДПМНЕ пред Апелциониот суд.
Елена Мукоска Ивановска