Вести Македонија

(видео)Димитровска  во Топ Тема: Мотивот е она што го преживуваме ние да не го преживуваат идните генерации

Вечерва во Топ Тема се дебатира за Учеството на лицата со попреченост во изборниот процес.

Благица Димитровска од “Инклузива” истакна дека постојано се држат и обуки каде лицата со попреченост се стекнуваат со вештини за практикување на демократијата, бидејќи политики се носат без нив и сега е време да носат тие одлуки за сопствениот живот.

  • „Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е ратификунава во 2011 година и е обврзувачка да се усогласи правната рамка со одредбите од конвенцијата. Ние се уште сме на почеток. Мотивот е она што го преживуваме ние да не го преживуваат идните генерации.

Од 2017 лицата со попреченост се вклучени во изборниот процес како набљудувачи, ги утврдивме сите недостатоци во изборниот процес и по наша спецификација е направен шаблонот за гласање за слепите лица кој е на брајово писмо, подготвен е граничник за потпис за луѓето со оштетена моторика. Секоја година подготвуваме и сликовити прикази кои се наменети за луѓето кои се со интелектуална попреченост и за луѓето кои се глуви. Нашите набљудувачи утврдија дека 70% од гласачките места не се пристапни. И Државната изборна комисија со која склучивме меморандум за соработка во 2018 обезбеди 196 монтажни рампи, кои можат да се постават каде што има малку скали и четири електромоторни транспортери. Но, проблемот е што објектите не се на ДИК, туку се на државата и на локалните самоуправи. А се уште сме сведоци дека се градат нови објекти кои не се пристапни. Поттикот за квотите дојде од самите лица со попреченост, набљудувачите и оние кои доаѓаат на обуки. Ги следевме изборите во 2016 година имаше едно лице кое беше долу на листата, како и 2020 година имаше едно лице со попреченост кое беше долу на листата што однапред се знае дека нема да влезе во потесниот избор“, вели Благица Димитровска од “Инклузива”.

Во Топ Тема таа рече дека се подготвува заедничка иницијатива и дека бараат на секоја листа да има најмалку три лица со попреченост, но потребно е да се смени Законот за финансирање на политичките партии, бидејќи „сметаме дека тие политички партии треба да добијат повеќе средства од државата, кои ќе бидат наменски потрошени за кампања и материјали, а местата каде се одржуваат настани да бидат пристапни“, рече Димитровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе