Вести Македонија

Заострена реториката меѓу коалиционите партнери во власта?!

Не така одамна, екс премиерот Заев им порачуваше на ДУИ дека е здраво за нив да одат во опозиција, за потоа да влезат во коалиција. Алијанса за Албанците отидоа чекор понапред – им ја испратија истата порака на интегративците, додека се сè уште коалициони партнери.

Со информатички речник, министерот за информатичко општество им порача да се „апдејтираат“ и да одат во опозиција. Иако се во владата, најави можност неговата партија да разгледа и други опции, покрај евентуалното приклучување кон „европскиот фронт“, во пресрет на изборите. Отворени им се вратите и кон здружениот опозициски фронт во кој се Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива.

Министерот Бујар Османи одби да го коментира ставот на коалиционите партнери. Кусо одговори дека владата е компактна.

Затоа, пак, Османи имаше порака до ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат избори на еден трошок напролет, меѓу двата најголеми верски празници – ако ги изгласаат уставните измени, ќе остават на нив да одлучат кога да бидат изборите. Во спротивно, смета дека  во предвид треба да бидат земени редовните термини и за парламентарните и за претседателските избори.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе