Вести Македонија Најважни

Пет македонски државјани заглавени во Газа, меѓу нив две деца – нивната судбина е во рацете на египетските власти

Македонија работи на извлекување на пет луѓе од Појасот Газа. Освен брачниот пар, за кој се знаеше дека е таму од почетокот на војната пред две недели, во појасот се заглавени и татко со две деца, македонски државјани. Мајката на децата е палестинска државјанка и прашање е дали ќе и биде дозволено да излезе од Газа, регион под контрола на Хамас, а кој повеќе од две недели е под израелска опсада.

Идниот амбасадор во Тел Авив, Шпенд Садики, кој денеска реферираше пред собраниската Комисија за надворешни работи, вели дека Кризниот штаб што го формираше Министерството за надворешни за извлекување македонски државјани е фокусиран токму на луѓето заглавени во Газа.

„Издадени се патни листови бидејќи децата немаа пасош. Мајката на децата е палестински државјанин за нејзе е издадена виза. Ќе зависи од египетските власти дали ќе допуштат таа воопшто да излезе. И таму инсистираме“, рече Шпенд Садики, иден македонски амбасадор во Израел.  

Прашањето сега е дали и кога ќе биде отворена границата со Египет. Станува збор за преминот Рафа, од каде сега влегува хуманитарната помош за Појасот Газа. Садики вели дека дипломатите во Каиро и во Тел Авив се во постојана комуникација со македонските државјани во Газа, но проблем е што овие претставништва немаат надлежност таму.

„Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави во регионот имааат формално дипломатски односи со Палестина. Ние немаме дури никакви релации. Тоа е веќе политичка одлука. Но, конзуларна заштита на Западниот Брег нудиме од амбасадата во Тел Авив, а во Газа преку амбасадата во Египет“, додаде Садики. 

Македонија пет и пол години нема амбасадор во Израел и амбасадата работи со еден дипломат. Тој е единствената точка за комуникација, а се координира со амбасадата во Каиро.

Македонските државјани кои се затекнаа во Израел кога почна војната со Хамас, се евакуираа со комерцијални летови преку европските земји. Единствениот чартер лет што го организираше Владата беше пред десет дена. Тогаш, со авион на „Ер Србија“ беа евакуирани 67 македонски граѓани.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе