Вести Македонија

Мобинг на работното место е причина број еден за најголем број претставки до Народниот правобранител

Дискриминацијата е најболното прашање со кое може да се соочи еден граѓанин. Фактот дека и натаму сведочиме на различни видови на дискриминација говори дека не се вложува доволно за надминување на овој проблем, смета Васка Бајрамовска Мустафа, државна советничка на Народниот правобранител. Народниот правобранител уште во 2011 година потсети за потребата од анализа, што е тоа што доведува до сегрегација во образованието и чувството на нееднаквост, зошто и денес се соочуваме со дискриминација во различни сфери.

„Во областа на заштита од дискриминација изнаоѓа повреди и незадоволство на граѓаните во сите сфери во кои постапува, но најизразено во пристап до работносто место, чувството на нееднаквост или вознемирување, мобинг на работното место. Не помалку важно е генералните појави кои за жал сè уште се присутни како што се сегрегацијата во некои училишта, постоење на чисто ромски училишта или паралелки за кои Европскиот суд крајот на минатата година донесе и пресуда против државата“, изјава Васка Бајрамовска- Мустафа, државна советничка на Народниот правобранител.

Според Бајрамовска Мустафа, пристапот до правата за социјална заштита и остварувањето на правата на лицата со попреченост во образованието е нешто на кое и понатаму треба да се работи. Важно е да се подигне свеста за човековите слободи и права, за еднаквоста, практични услови за имплементација на законот, важноста на мултисекторската соработка, вклучување на заедниците кои се сè уште на маргините.

„Во оваа земја активни се 18 агенции  на Обединетите нации кои опфаќаат полиња кои се сеопфатни како што се вработувањето социјалните услуги, доброто управување итн.  Во сите овие области се соочуваме со проблеми на дискриминација, а во основата на дискриминацијата лежат лажните вести“, изјава Росана Дуџак,постојана координаторка на ОН во Македонија.

Годинашната конференција на Обединетите нации за 2023 година „Слобода, еднаквост и правда за сите“ што се одржа денеска во Скопје се фокусираше на две важни прашања:  „Човековите права во однос на одржливиот развој со посебен акцент на прашањето за дискриминацијата и вториот панел за дезинформациите лажните вести и говорот на омраза.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе