Вести Македонија

Отровниот отпад кај Орман се складирал половина година, сопствениците на плацот откриле која фирма го изнајмила

Екологистите побараа одговори, а инспекторите веќе влегоа во трага на отровното олово натрупано близу село Орман, на неколку километри од центарот на Скопје. Сите нејаснотии ќе се разјаснуваат со лабораториска анализа, а ќе следуваат и други испитувања. Државата отпадот го класифицира со посебна шифра и како опасен, а вонредниот надзор покажал дека складираното олово е несоодветно транспортирано и складирано на локација која не е наменета за одлагање отпад и потекнува од фирма во Чучер Сандево.

Складираниот отпад потекнува од правен субјект Рецикл Еко Старт, Скопје носител на А-Интегрирана Еколошка Дозвола. Отпадот, по изјава на сопственикот на плацот врз основа на меѓусебен договор е транспортиран од страна на наведениот правен субјект во последните 6 месеци, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Отпадот потекнува од топење и преработка на акумулаторски батерии. За таков отпад потребна е лиценцирана фирма да го извезе оловото надвор од Македонија затоа што овде нема каде да се складира. Станува збор за над петстотини тони складирани на плацот кој е во приватна сопственост.

Лицето веќе е повикано во Општина Ѓорче Петров за да му се даде решението за отстранување на отпадот. Така што, во делот којшто е под наша надлежност постапуваме согласно сите позитивни законски норми. Ние сме го нашле нелегалното одлагалиште и сме постапиле во рамките на тоа што го имаме како законска надлежност. Понатаму верувам дека ќе се вклучат други државни институции за да се открие кој бил одлагач на отпадот, од каде е потеклото, кој го депонирал таму, за какво лице се работи, рече градоначалникот Стојковски.

За физички лица казната е 250 евра, но треба да одговараат и кривично и да платат трошоци за отстранување. Ако е фирма во прашање – тогаш казните се огромни и надминуваат 120 илјади евра.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе