Слаб одзив на вакцинација во Македонија. Иако вакцината штити од тешки форми на болести па дури и смрт, некои родители и натаму одбиваат да ги вакцинираат своите деца или ја одлагаат вакцината.
-Најголем дел од родителите ја одложуваат вакцината. Немаме класично не примање туку најчесто да се прими на една година се прима на две на три тоа е некое ајде ќе кажеме шпекулација помеѓу здравствените работници кои што дел ги советуваат детето да прозбори да прооди и слично кои што нема никаква научна оправданост. Дополнително во тој период го ставате детето во ризик да кога ќе се најде во средина во која што се повеќе имаме невакцинирани деца може да биде изложено на инфекцијата на морбили, вели Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.
-2018 и почетокот на 2019 година тој процес излезе од контрола и беше неопходно сериозно ангажирање на целокупниот здравствен систем со цел да може да постигнеме бројка од 95% на вакцинираност. Единствено бројката од 95% од вакцинираност ви гарантира дека и при појава на вакви случаи нема да имате епидемија. Се што е под таа бројка секогаш ќе претставува ризик за појава на евентуална епидемија, вели Злате Мехмедовиќ портпарол на комисија за заразни болести.
За важноста на вакцините и апелот за поголема вакцинација алармираше и Фондот за деца на Обединетите нации.
Генерациите пред нас кои што биле целосно вакцинирани и успехот кој што го донела таа целосна вакцинација затоа што многу болести не ги сведочиме и не ги гледаме. Болести кои што може да доведат до смрт, кои што може да доведат до попреченост не ги гледаме поради тоа што генерациите со години пред нас успешно и целосно се вакцинирале, вели Патриција Ди Џовани претставник на УНИЦЕФ.
Лажните вести кои не се засновани врз научна вистина доведуваат до недоверба за вакцинацијата од различни болести, а тоа може да предизвика страв и ниска стапка на имунизација, вели Бојан Кордалов.
Ако се гради недоверба кон докторите, ако се гради недоверба кон здравствениот систем тоа не е недоверба кон политичарите, тоа е недоверба кон луѓето кои се грижат за нашето здравје за здравјето на нашите деца, на нашите блиски и сета таа недоверба на крајот може и ќе донесе до тоа да дел од луѓето се плашат не одат на лекар, не ја пијат потребната терапија и на крај може да доведе до фатални последици, вели Бојан Кордалов комуниколог.
Во државата, Скопје и Струмица се дел од градовите со помала стапка на вакцинираност додека Кочани е градот кој има најголема стапка на вакцинирани.
Иако надлежните апелираа, извештајот за задолжителна имунизација не ја утврдил стапката од над 95% од населението кое треба да биде вакцинирано. Ова беше кажано на денешниот брифинг со новинарите кој го организираше Министерството за здравство а на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации”.
Симона Петровска