Вести Свет Топ вести

Израел свика прва ворнедена седница на владата во бункер, а во Газа се продлабочува хумантиранта криза

Храна нема и не може да се купи ниту со пари. По недостокот со вода и струја, бегалците кои се повлекуваат на југот од Газа соочени и со глад. Домовите ги оставија по ултиматумот кој им го даде Изарел, а истече синоќа за да го напуштат пограничниот појас упатувајќи се кон јужните градови на Газа. Очајни во потрага по засолниште, повеќе од милион цивили побараа спас и во градот Кан Јунис. Ги дочека разочарување.

„Ситуацијата е трагична. Имам седум семејства бездомници дома. Овде сум од 7 часот наутро. Дали е ова доволно за седум семејства со нивните деца? Одбија да ми дадат леб за повеќе од 5 шекели (1,2 долари). Ова е многу трагична ситуација. Овде сме да купиме леб за децата, не за нас. Не можам да јадам додека ги гледам настаните на кои сме сведоци,“ вели жител на градот Кан Јунис

Израелската војска сè уште им дозволува на цивилите во Газа да бегаат на југ, судири има и на границата со Либан, но загинатите се во Газа. Нови триста мртви и над 800 повредени само во последните 24 се откопуваат од разурнатите згради, по воздушните напади. Наскоро ќе се потрошат и последните залихии нафта, и болниците во Газа ќе останат во мрак. Лекови и опрема веќе снема.

„Се соочуваме со катастрофална ситуација. Зборувам во еден од интензивните оддели, кој е целосно полн со повредени луѓе. Повеќето од нив се деца, имаат (под) три години. Всушност, во последните осум дена примаме стотици тешко повредени пациенти. Тие пристигнуваат во болницата главно со повреди од експлозија, повреди од експлозив. Дојдоа со тешки, комплицирани повреди во телото. Ним им треба комплексен медицински персонал за да се справи со нив. Разликата во оваа ескалација е што немаме никаква медицинска помош што доаѓа од надвор. Границата е затворена, струјата исклучена,“ вели елкар во ночната смена во болницата во градот Кан Јунис

Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали како резултат на израелската блокада, што предизвика и затворање на единствената електрана поради недостиг на гориво.Дека ситуацијата е загрижувачка предупреди и Светската здравствена организација.Од таму, алармираат дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои згрижуваат повеќе од 2.000 лежечки пациенти на северот на Газа. Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната и здравствената катастрофа“, се вели во соопштението на СЗО.

Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас откако нејзините борци дивееја низ израелските погранични градови, но по истекот на рокот нема нови официјални изјави. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат ја свика седницата на проширената вонредна влада, изјавувајќи дека таа го демонстрира националното единство и испраќа порака дома и во странство додека земјата се подготвува да го „урне Хамас“ во Газа. Состанокот, одржан во воениот штаб во Тел Авив, почна со едноминутно молчење во спомен на 1.300 Израелци убиени во нападот на Хамас. Поздравувајќи го поранешниот опозициски пратеник Бени Ганц, кој ѝ се приклучи на владата заедно со неколку членови на неговата партија минатата недела, Нетанјаху кажа дека сите министри работат без престан, со обединети сили.

-Хамас мислеше дека ќе бидеме соборени. Ние сме тие кои ќе го урнат Хамас, рече Нетанјаху, додавајќи дека покажувањето единство „испраќа јасна порака до нацијата, непријателот и светот“, порача Нетанјаху

Дека се наговестува тотална војна видливо е и од воениот арснела рапореден на границата со Газа. Артилерија, тенкови и авијација на готовос. Но, кога ќе се вклучи црвеното копче за напад никој не знае. Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но беше одложена поради облачното небо што ќе им отежне на израелските пилоти и операторите на беспилотните летала да им пружат воздушна поддршка на копнените сили, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на високи израелски офицери. Додека се чека политичко зелено светло за напад, се нижат реакции од светските лидери. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин соопшти дека САД ќе распоредат втор носач на авиони во Медитеранот, со цел да се спречи да ескалира војната меѓу Израел и Хамас во пошироки рамки, објави Гардијан. Соперничкиот Иран финансиски и воено го поддржува Хамас, палестинското екстремистичко движење и отворено им порача на Израел да не велгуваат во војна.

„Доколку продолжат нападите на ционистичкиот режим против немоќното население во Газа, никој не може да гарантира дека ситуацијата и изгледите за ширење на конфликтот ќе бидат под контрола, се наведува во соопштение од иранското Министерство за надворешни работи.

Израелската војска соопшти дека ќе продолжи да им дозволува на жителите на Газа да се евакуираат на југ, а стотици илјади веќе се преселиле, бидејќи се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас. Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас откако нејзините борци дивееја низ израелските погранични градови, пукаа во мажи, жени и деца и зедоа заложници, при што загинаа 1.300 луѓе, што е најлошиот напад врз цивили во историјата на земјата. Властите во Газа соопштија дека досега во израелските омбардирања се убиени над 2.300 луѓе, од кои четвртина се деца, а речиси 10.000 се ранети.

Павле Беловски

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе