Емисии Код

КОД: Битка за профит преку учебници- милиони евра се одлеваат преку астрономски цени

Милиони евра се одлеваат за учебници, додека образованието тоне. КОД открива шеми во кои наместо фер-плеј, со тендерски критериуми се елиминираат најголем дел од печатниците кои тврдат дека би дале поевтина понуда.

„Прашањето е зошто таа Комисија во МОН става услови со кои што ги дисквалификува 99 отсто од македонските печатници. За да останат само две или три. И колку е тешко тие две или три да се „наддаваат“ до цена којашто е 3 или 5 пати повисока од пазарната“, вели Спасовски од Полиестердеј.

Министерството вели ниту условите се престроги, ниту книгите поскапи од просечно.

Печатењето на учебници за оваа година однесе над 10 милиони евра или два и пол пати повеќе од лани. Се отвори и нова битка во која истите играчи војуваат за победа во набавката на учебници за странски јазици.

Статистиките до сега покажале дека две третини од сите отпечатени книги се учебници. Бројката стасува до 800 илјади учебвници во просек, а годинава го имаме рекордот испечатени се 1,4 милиони учебници. За оваа намена лани се потрошиле над 4 милиони евра, а годинава може да надминат 10 милиони. Каде завршуваат овие пари?

Емисијата е емитувана на 08.10.2023. на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Молк за докази во полза на доживотен затвореник, интервју со директорот на затворската Управа Пандов за куќата која изгоре во подметнат пожар

Дејан Дејан

КОД: Интервју со Пандов за затворската корупција и запалената куќа

Дејан Дејан

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе