Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 81-годишно лице кое осомничено за полови дејствија кон дете кое не наполнило 15 години.
„Осомничениот искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител, до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.