Вести Македонија

Група професори ја обвинија ректорката Ангелова, сега го демантираат и демантот на Универзитетот

Групата професори на УКИМ кои ја обвинија ректорката Биљана Ангелова за прекршување на законот за спречување корупција и судир на интереси, денеска го демантираат вчерашниот демант на Универзитетот.

Група непотпишани професори вчера поднесоа пријава до Антикорупциската комисија против Ангелова. Тие наведуваат дека додека била директор на Економскиот институт на државниот Универзитет била дел од Управниот одбор на приватната Академија за банкарство и информатичка технологија, а додека била проректор била дел од Надзорниот одбор на Халк банка, иако законот го забранува тоа.

Ангелова во телефонски разговор за Телма вчера рече дека добила пресуда од Управен суд дека како проректор не е противзаконски да биде член во надзорен одбор на банка или друго приватно правно лице затоа што не е избрано и именувано лице. Професорите денеска тврдат дека нејзиното име стои во Регистарот на избрани и именувани лица.

Универзитетот, пак, реагираше дека сите изнесени обвинувања против ректорката Биљана Ангелова се неточни. Антикорупциската веќе работи на предметот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе