Вести Македонија Најважни

Антикорупциска при крај на мандатот – Задоволни од работата, незадоволни од ефектите

Задоволна од својата работа, незадоволна од крајните ефекти. Ова е генералната оценка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска за работата на Комисијата во пресрет на завршувањето на петгодишниот мандат.

Мандатот на Комисијата завршува за четири месеци.

„Отворивме горливи теми коишто му тежат на ова општество, дадовме препораки како тие да се надминат. За жал, ние не сме последната институција во системот. Напротив, после нас има други коишто треба да ја довршат работата и тука системот попушти, така што од крајните ефекти не можам да бидам задоволна. Но, секој е одговорен за тоа што го работи. За тоа што е наша надлежност, наша одговорност, наша работа, јас сум задоволна“, вели Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупцијата.

Според извештаите за работата на Антикорупциската комисија, тие од 2019 до 2022 година поднеле 99 иницијативи за постапување на институциите за корупција и за судир на интереси, но на една третина од нив воопшто не им било одговорено.

До Јавното обвинителство доставиле 30 иницијативи. По седум обвинителството постапувало, шест се отфрлени, една е надмината на друг начин, а на 16 не им било одговорено.

До Министерството за образование, на пример, доставиле три иницијативи за корупција, и сите три биле игнорирани.

Ивановска вели дека во наредниот месец Собранието треба да го започне процесот за избор на нови членови на Комисијата. Сегашните членови немаат право на повторен избор.

„Законот предвидел доволно време, три месеци, и со време да се почне постапката за да не дојде ситуација институцијата да биде без комисија. Тоа ќе биде лош сигнал, не само за граѓаните, не само за меѓународната заедница“, вели Ивановска.

Овој состав на Антикорупциската комисија во неколку наврати влезе во јавен судир и со обвинителството, и со Судскиот совет, и со владини претставници.

Вицепремиерот Артан Груби ги обвини дека немаат ниеден успех и дека се сомнева во нивниот капацитет, а Јавното обвинителство ја замрзна соработката со нив.

Откако обвинија дека носењето на законите за автопатите кои ги графи Бехтел и Енка со европско знаменце, вицепремиерот Артан Груби ги обвини дека немаат ниеден успех и дека се сомнева во нивниот капацитет.

Јавното обвинителство летоска соопшти дека нема да соработува и комуницира со Антикорупциската комисија откако антикорупционерите презентираа сознанија и докази за криминал и непостапување на државни институции и поеднци при конфискацијата на имотот на фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан и сомнежи дека голем дел завршил кај „Пуцко Петрол“ чиј сопственик е син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски. Обвинителството реагира дека иницијативата на Антикорупцика е целосно беспредметна и непотребна бидејќи веќе имаат отворено предмет во кој се испитува како се конфискувал имотот на „Трансмет“. Според обвинителството, со презентирањето на своите наоди, антикорупционерите ѝ нанеле штета на истрагата.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе