Вести Македонија

Фиксацијата се применува низ целиот свет, но само во одредени ситуации и според строга процедура, појаснуваат експертите

Фиксацијата постои во сите препораки кога аутистични лица потпаднуваат под сериозен психо-моторен немир, но тоа се прави под строга процедура и може да биде само привремено, објаснуваат психијатрите во вечерашната Топ Тема на Телма. Во отсуство на информации од надлежните институции како седумнаесетгодишното момче со аутизам заврши во психијатриската болница во Демир Хисар и што се случувало додека бил во установата, психијатарот д-р Славица Арсова не верува дека момчето било изложено на тортура.

Децата со аутистичен спектар на нарушување не се лекуваат континуирано во болница, или во некоја друга установа, туку само во дадени ситуации. Се прави фиксација со помош на медицински каиши тогаш кога е неопходно. А кога е неопходно? Доколку постои изразит немир, значи сериозен психомоторен немир кој што е поопасен отколку да детето, или пациентот, или пациентката да биде фиксирана, вели д-р Арсова.

Посочи дека постои и хемиска  и фармаколошка фиксација, односно со давање лекови, но количината која може да му се даде на еден пациент, особено на толку младо момче е ограничена, затоа што тоа се сериозни супстанци.

Вие не можете да давате со тони лекови заради тоа што и тоа не е така безопасно. Значи не можете вие да давате огромни количини антипсихотици или анксиолитици, заради што и тоа е сериозно. Особено кај ваквите деца, каде што се препорачува дека доколку се дава психотична терапија, да се почне со многу пониски дози, односно пониски отколку кај другите, врсници да кажеме или возрасни. Зошто? Бидејќи се поосетливи на несаканите ефекти. Така да, доколку давате а не постигнувате резултат, постои сериозен психомоторен немир, постои самоповредувачко или десктруктивно и агресивно однесување кое што не можете да го решите на поинаков начин, особено брзо, постои сериозна опасност за себе и околината, тогаш е неопходна фиксацијата, но исклучиво по процедура, порача таа.

Д-р Арсова појасни дека на одлуката за фиксација се потпишуваат сите одговорни лица во болницата и таа се прави само по лекарска проценка. Пред фиксацијата се прават мерења на сите витални параметри и во текот на самата фиксација се води сметка за телесното здравје на пациентот.

Тоа не трае бесконечно, тоа не значи дека некој се фиксира и е остава така. Значи се води сметка околу неговата телесна состојба, што е многу важно, значи околу телесното здравје. Секако дека нема да се остави гладно, или дехидрирано, или со незавршени физиолошки функции. Значи во некои ситуации е добро, заради тоа што треба да се направи редукција на тој психо-моторен немир кој што може да го донесе во тешка исоматска состојба, доколку не може на никаков поинаков начин да се смири, вели д-р Арсова.

Вели дека во ситуација на таков психо-моторен немир раздвиженоста на пациентот е неверојатна.

Не можете вие со кофи лекови да давате. Не се тоа бонбончиња. Не можеме да му наштетиме повеќе отколку што сакаме да му помогнеме, порача д-р Арсова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе