Вести Македонија Топ вести

Сопругата на министерот Бесими за нецела година инвестирала во имот над 220 илјади евра покажува ажурираниот анкетен лист

Сопругата на министерот за финансии Фатмир Бесими купила и инвестирала во имот со вредност поголема од 200.000 евра за нецела 2023 година.

Ова го покажуваат ажурираните податоци од анкетниот лист на владиниот функционер кај Државната комисија за спречување на корупција, кои ги објави Faktor.mk.

Mинистер, пак бил пасивен и годинава не покажал интерес за вакви активности. Овие евиденции од околу 220.000 евра го прават далеку „потежок“ анкетниот лист на министерот Бесими кој беше назначен на својата функција од Владата во 2020-та.

Претходно тој на по два пати беше министер за економија и вицепремиер за економски прашање, а еднаш беше и вицегувернер на Народна банка.

Министерот Бесеми за Телма објаснува дека не станува збор за нови средства туку за сега орочени сретства од предходно извршена продажба на стан уште во 2021 година. Овие средства неговата сопруга ги орочила во банка, а тој самиот ги пријавил во ажурираниот анкетен лист.

А средствата што тој ги имал пријавено во Анкетниот лист, пријавил дека тој ги инвестирал на Њујоршката берза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе