И законот за игри на среќа ќе се носи со европско знаменце. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е уште една злоупотреба на европското знаменце за закон кој што нема врска со европската регулатива.
Додаваат дека изминатава година вицепремиерот Артан Груби потпишаал четири одлуки, три за он-лајн лотарии и една за видео-лотарија.
Партијата смета дека сите овие одлуки се незаконски, и затоа е ова брзање да се донесат измени на законот за игри на среќа за да се покријат незаконитостите за носење на одлуки и давање на лиценци на фирми во кои што во управните и надзорните одбори членуваат луѓе од кабинетот Груби.
Од асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа реагираа дека се нема разбирање за сериозноста на последиците кои ќе ги предизвика усвојувањето на овие законски измени.