Вести Свет

Чадот од пожарот во Осиек се гледа и на сателит – локалните власти бараат од хрватската влада да прогласи еколошка катастрофа

Големиот пожар што избувна во фабрика за пластика во Осиек го дигна на нозе регионот. Надлежните апелираат до жителите да не остануваат премногу време на отворен простор, поради ослободување на големи количини на јаглероддиоксид, јаглерод моноксид и опасниот и канцероген диоксин.

Пожарот од незапамтени размери ја оштети и хидрантската мрежа во кругот на фабриката која остана без вода, што дополнително го отежнува гаснењето. Пламените јазли зафатија десет хектари со пластичен отпад во кругот на фабриката. Густиот чад стигна и до Босна и Херцеговина, а според државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска се гледа и на сателит. Градските власти најавија дека ќе поднесат барање до владата за прогласување на состојба на еколошка катастрофа.

Во гаснењето на пожарот учествуваа околу 200 пожарникари со 100 противпожарни возила. Неколкумина побарале медицинска помош, еден од нив е тешко повреден и со 30 отсто изгореници по телото, опасни по живот, е пренесен во болница во Загреб, откако загубил рамнотежа и паднал во растопена пластика.

Огнот е ставен под контрола, но сè уште гори во мал дел. Паралелно со гаснењето се работи на разладување и затрупување на зафатената површина. Ова е четврти пожар во рамки на фабриката „Драва Интернационал“ во изминатите 12 години.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе