Вести Македонија Топ вести

АСОМ против тендерот на Лотарија, се закануваат со протести

Ниту една членка на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) нема да учествува на тендерот распишан од Државна Лотарија на Македонија. Сметаат дека е наместен, незаконски и дискриминаторски за домашните компании. Подигнале тендерска документација, но само за да ги видат условите, а не како што тврдат од Лотарија, за да учествуваат на тендерот.

Од Лотарија неодамна процесот го претставија како транспарентен и законски, затоа што тендерска документација подигнале повеќе од 10 компании од кои половина се домашни. Но, за Асоцијацијата во која членуваат над 95 отсто од домашните компании, ова е чиста манипулација. Бараат од владата целосно да ја поништи одлуката за формирање на три нови друштва за приредување на игри на среќа преку интернет. Во спротивно, ќе излезат на масовни протести.

Против овој закон е и друга организација.

Опозицијата се сомнева дека од понеделник ќе има нов обид од мнозинството, на пленарна седница, со европско знаменце да мине потребата од носење на законот, во кој покрај дислокација на казината и обложувалниците на над 500 метри од училиштата, ќе се легализираат три онлајн казина и една нова компанија за слот машини.

Освен ВМРО-ДПМНЕ, против овој закон се и останатите опозициски партии. Обвинуваат дека главни партнери во овој бизнис се вработени во кабинетот на Артан Груби, партијата ДУИ и контроверзни ликови од соседна Бугарија, како што е Васил Божков – Черепот, чии фирми се наоѓаат на црната листа на САД. Обвинуваат дека тендерот е како скица за бугарската фирма на Черепот, за што бараат и Јавното обвинителство да отвори случај.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе