Вести Економија Македонија Топ вести

ЕСМ и Град Скопје со месеци се натегаат кој треба да го монтира новиот топловод на Беласица

Ниту алтернативниот вод на железничкиот мост не е гаранција за парното греење. Во вчерашното соопштение на ЕСМ  стои дека додека не биде поставен новиот топловод, цевководот на железничкиот мост ќе се користи како опција. Од компанијата тврдат преку него ќе може да се испорачува топлинска енергија од ТЕТО и дека тој има капацитет. Сепак, според инфорамции од РКЕ, со овој вод може да се донесат помали количини од поевтината топлинска енергија на когенеративната централа. Со  ова се отвора  прашањето, колку и оваа алтернатива е исплатлива.

ЕСМ и Град Скопје со месеци се натегаат кој треба да го монтира новиот топловод на Беласица. Во речиси секој допис од државните електрани стои дека активно се работи на решавање на проблемот со цевките, кој со недели стојат на локацијата.

Дека се во постојана комуникација со Град Скопје и дека заеднички работат на случајот. Но, од институцијата со која од  ЕСМ  велат дека заеднички работат на проблемот, минатата недела ги вратија камионите на електрани од мостот Беласица. Градоначалничата Арсосвка тогаш образложи дека без дозвола и во сред бел ден развозувале материјали со тешки камиони, спротивно на комуналните правила.

Сега на 10 дена пред стартот на новата грејна сезона, ниту од градот ниту од ЕСМ нема конкретен одговор кога конечно ќе се постават новите цевки за да може целосно да се користи топлинската енергија од ТЕТО, која е три пати поевтина од онаа на другите топлани.

Топловодот беше оштетет пред повеќе од 4 месеци, кога пожар го зафати мостот Беласица. И од тогаш до сега надлежните не најдоа време да го решат проблемот. РКЕ одамна предупреди дека санацијата мора што поскоро да се заврши, за граѓаните да не се соочат со ценовно цунами. Нова цена на парното вообичаено се носи кон крајот на јули, но овој пат од Комисијата се изјаснија дека додека не се променат цевките, тоа нема да се случи, затоа што без новиот топловод греењето може да поскапи за над 60 отсто.

Градско парно користат над 60 илјади домаќинства. Најголем дел се приклучени на ЕСМ Продажба или поранешно Бег, потоа на ЕСМ Енергетика, а најмалку 400 тини  се на мрежаат на Скопје Север.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе