Вести Македонија Топ вести

Американската амбасадорка Агелер со рецепт за законот за амнестија

Закони за амнестија имало порано, а сигурно ќе има и во иднина, но лидерите мора да ги информираат граѓаните за своите одлуки, ова е рецептот на американската амбасадорка Ангела Агелер за македонските политичари кои ги изненадија со нов предлог закон за амнестија.

Најмногу критики предизвика толкувањето дека многу контроверзни осуденици за тешки кривични дела со жртви ќе бидат амнестирани затоа што обвинителството ги гонело за помагање, а не за извршување. Амбасадорката Агелер со порака дека граѓаните треба да бидат информирани од нивните претставници во Парламентот, што предлагаат и што гласаат.

Најважната работа за Амбасадата, за САД е да бидеме уверени дека процесот се движи по легален пат. Да биде транспарентен. И граѓаните во земјата да знаат што се случува и зошто тоа се случува. И нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно за нив. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Ангела Агелер, амбасадор на САД во Македонија.

А Законот веќе е во Собранието откако дебатата се одвиваше на минимално ниво со внатревладини разлики за текстот на предлогот.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта сака да амнестира најтешки криминалци без минимален обид за нивна ресоцијализација и излезените од затвор да служат на партиски потреби за изборите.

Власта се брани: дека причина за амнестијата е пренатрупаноста на затворите за кои место чекаат над 2 и пол илјади осуденици. Најголеми контроверзи предизвика тоа што со законот е предвидена амнестија на помагачи на најтешките кривични дела и со тоа се отвори можност за предвремено ослободување на двајца осуденици во случајот Монструм за 5-кратното убиство кај Смилковци квалификувано како тероризам, но и можност за амнестирање на осуденици за финансиски криминал како што е случајот Труст.

По негативните реакции, СДСМ најави амандмани, а пратеници од пратеничката група на СДСМ за Телма одговорија дека нивните колеги правници работат на амандманите.

Слободен Печат повикувајќи се на свои извори објави дека имал увид во амнадманот на СДСМ според кој ќе нема амнестија на осудените за помагање во најтешките кривични дела во кои има загинати, убиени или малтретирани луѓе.

Според амнадманот, ќе нема амнестија за осудениците за помагање во делата тероризам, убиство, силување, насилство со предизвикана смрт и други тешки дела. Засега нема информации дали ќе се предложи и амандман за да се спречи амнестија на дилери и други осуденици кои добиле затвор за трговија на дрога.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе