Кој е консултиран, кој го видел, а кој допрва ќе го разгледува законот за амнестија што треба целосно да ослободи 290 затвореници, а на 960 да им ја намали казната за 30 проценти? Владејачката СДСМ е на два ума. Пратениците тврдат дека не биле консултирани и не го виделе досега законот. И од опозицијата кои најавија бројни амандмани, тврдат дека не се консултирани, но премиерот ги демантира сите.
Пратеничката Калеска Ванчева во синоќешната Топ тема тврдеше дека не само што не го виделе законот, туку и ставот за тоа како ќе гласаат ќе го градат дополнително.
Министерот за внатрешни работи отворено се спротивстави на законот. Опозицискиот лидер, кој најави дека со бројни амандмани ќе го блокира законот, му порача на министерот Спасовски дека има две опции.
На законот, кој денеска стигна во Собрание, нема европско знаменце, но ќе се носи по скратена постапка. Образложението е дека се носи со цел да се релаксираат пренатрупаните затвори. По реакциите дека со него ќе бидат ослободени и лица осудени во случајот „Монструм„, Ковачевски најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман.
Далиборка Демјанска Цветановска