Вести

Ни санација на мостот, ни поставување на цевки – Две недели пред стартот на грејната сезона се понеизвесно дали граѓаните ќе плаќаат поскапо парно

Се ближи стартот на грејната сезона се понеизвесно дали граѓаните ќе плаќаат поскапо парно. Додека скопјани чекаат дали на 15ти октомври ќе имаат топли радијатори,градот Скопје и ЕСМ во пинг понг релација. Чии се цевките, негова е обврската да го поправи мостот, е ставот на Арсовска, додека пак од ЕСМ велат дека се во комуникација со градот и се подготвуваат за санација на цевководот кај Беласица. Се завршуваат административни работи и наскоро ќе почне да се работи на терен тврдат од ЕСМ.

„Поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, велат од ЕСМ.

 Првиот регулатор Беслимовски неколку пати предупредуваше дека ако надлежните не ја завршат работата граѓаните ќе се соочат со ценовно цунами.

Мостот Беласица, беше опожарен пред повеќе од четири месеци, но надлежните не најдоа време да се заврши постапката. Над 60 илјади домаќинста користат градско парно.Поголемиот дел се приклучени на системот на ЕСМ или поранешно БЕГ, 1.900 на таканаречено железарско парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчани по третпат на улица против изградба на регионален Центар за отпад во близина на РЕК

Дејан Дејан

Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра – извршител го распишал огласот по деновите на жалост за Кочани

Дејан Дејан

Трендафилов: Мојата плата во ССМ е 60.000 денари, за 60.000 денари ја ставам главата во торба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе