Шест ново избрани судии од Академијата за судии и јавни обвинители ги турнаа пред Врховен решенијата на Судски совет, кој ги упати да работат во судовите во кои има најголем недостаток на судии, наместо во двата скопски основни судови и струмичкиот суд, за каде беа избрани. Еден од нив е и Кирил Георгиев синот на врховниот судија и несуден член на Судскиот совет Наке Георгиев, кој од скопскиот кривичен суд, Судски го прати да работи во прилепскиот основен суд.
Од Врховен велат дека на општата седница на која се одлучувало и за неговиот син, Георгиев се изземал. Неговите колеги ги укинале решенијата затоа што во нив Судски совет не навел доволно образложени и прифатливи причини.
Според Врховен , Судскиот совет при одлучувањето, неправилно го применил член 39 став 9 од Законот за судовите кој гласи
– По исклучок, судија на Апелационен суд и на Основен суд може да биде времено упатен, но најдолго за време од една година да суди во друг суд од ист степен или во понизок суд или од еден во друг специјализиран оддел, кога поради спреченост и изземање на судија или поради значително зголемен обем на работа, намалена ажурност или поради сложеност на предметите е доведено во прашање тековното работење на судот, но не повеќе од еднаш во текот на пет години. Во случај на временото упатување, платата на судијата не смее да биде намалена. По истекот на времето за кое судијата е упатен да работи во друг суд или специјализиран оддел задолжително се враќа на работа во судот, односно специјализираниот оддел од кој бил упатен
-За времено упатување на судијата да суди во друг суд, основ не може да претставува само некоја ранг листа, а без да бидат утврдени и исполнети условите во член 39 став 9 и член 11 од Законот за судовите. Упатувањето на судија на Апелационен суд и на Основен суд да суди во друг суд е од сериозна природа, поврзано со други семејни, станбени и финансиски импликации, поради кои причини во Законот се определени основите и условите за едно такво упатување, стои во соопштението од Врховен.
Судскиот совет на Република Северна Македонија, треба да ги има предвид и укажувањата во приговорoт и да утврдат факти и околности, дали судијата кој времено се упатува, ќе може да постапува по сложени предмети, како граѓански, така и по кривични предмети“, додаваат од највисокиот суд.
На 6 ти септември, Судски совет на итна седница делегирше 10 мина судии, кои само неколку дена претходно дадоа свечена заклетва. Ги испрати да работат во основните судови во Берово, Дечево, Кичево, Куманово, Прилеп и Струга кои се соочуваат со недостаток на судии. Шест од нив поднеле приговори пред Врховен кој ги укина решенија и ги врати на повторно одлучување пред Судскиот совет.