Вести Македонија Топ вести

Етапно доставување на учебниците до крајот на неделава – уверува Шаќири

Нов месец, стари проблеми, ново ветување. Дел од шестоодделенците и овој почеток на учебната година ја започнаа без учебници,а министерот Шаќири го помести неколкумесечното уверување, па наместо до крајот на септември сега наставен материјал ќе има до крајот на неделава.

Сите вие мислам дека од тоа што се случи претходната година, не бевте оптимисти за тоа дека ќе се постигне. Ме радува фактот дека денеска во делот на училиштата има достава на учебници од шесто одделение која ќе продолжи тековно утре, задутре и до крајот на неделата очекувам сите учебници да се достават. Но зависност од тоа ќе побарам од економскиот оператор да има и во сабота ако треба  и во недела достава за да се завршат сите одобрени учебници да се достават кај учениците, вели Шаќири.

Министерот Шаќири не чувствува одговорност за недостигот на учебници, иако претходната година тврдеше дека оваа учебна година наставен материјал ќе има и тоа пред први септември. Вината за тоа што основците останаа без учебници ја гледа во педагошката служба која што е во склоп на министерството но со посебен директор и Националната комисија за учебници која спаѓа под Владата.

Секој одобрен учебник што доаѓа од националната комисија за учебници, но исто така што ги има завршено сите законски постапки, ако има задоцнување од страна на МОН тука е делот на одговорност на министерот. Сите учебници што се одобрени на максимум во текот се работи за денови се веднаш од страна на педагошка служба издадени со договор за печатење на тие учебници. Одговорност заради тоа што одреден учебник има жалбени постапки кои не зависат од министерот, има жалбени постапки од страната на авторите има жалбени постапки во постапката, вели Шаќири.

Дел од основците трета година како наставата ја започнуваат без учебници, а лани некои од нив ја завршија и без потребниот материјал. Во образованието граѓаните алармираа и на низа пропусти како јазични така и печатни.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе