Вести Македонија Топ вести

„Достоинство“ бара законски измени и изградба на споменици на паднатите бранители во Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила

„Достоинство“ бара од трите парламентарни партии од македонскиот политички блок измена на Законот за меморијални споменици и спомен обележја и изградба на споменици на паднатите бранители во конфликтот во 2001 година во Вејце, Карпалак и Требош и не очекува блокада од пратениците од албанските партии.

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, нагласи дека не се обидува да подгрева тензии, веќе ги испратил измените кај претставниците на партиите и планира средба со собранискиот спикер Џафери за да го убеди во исправноста и хуманоста на барањето.

Прашан зошто треба да го убедува спикерот Џафери во исправоста на поставување споменик на убиени припадници на безбедносните сили Ангелов одговори

Ангелов е на ставот дека споменик на загинати бранители во Арачиново е илузорно да се помисли да се гради и во принцип не треба да има.

Министерката Славјанка Петровска исто така побара да се постават споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила но не наиде на разбирање од градоначалниците на Општините па затоа Владата одлучи локациите да се доделат на министерството за одбрана и постапката е во тек.

Со оглед на обидот на градоначалниците на општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат, министерката Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители,започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации. Со заклучок на седницата на Владата одржана на 28 септември, Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана, соопштија од министерството.

А градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, најави дека ќе го оствари предизборното ветување, изградба на Музеј на УЧК и дека бара локација. Ивраими не одговори на телфонските повици и пораки за да појасни дали одлуката е мината на Советот на Општината, дали побарал дозвола од надлежните државни институции и со чии пари ќе се финансира изградбата со оглед дека Општината примашедотации од централната власт поради исклучително лошата финансиска состојба.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе