Вести Македонија Топ вести

Иста диплома и професија, а различен аршин за вработување

Иста диплома и професија, а различен аршин за вработување. Санела Емин е дипломиран актер, но до улога може да дојде единствено ако треба да глуми Ромка. Се чувствува отфрлено, бидејќи факултетот го завршила заедно со други колеги, но за разлика од нив, таа добива само одредени улоги. Дискриминацијата која ја добива по основ на националност смета дека е пречка на патот кон нејзиниот успех.

-Се прашувам зошто јас дипломирав на факултет за драмски уметности? Дали само заради тоа дека јас сум Ромка па ме викаат конкретно за таква работа или? Јас дипломирав на македонски јазик, го говорам перфектно македонскиот јазик и би сакала секој режисер не да ме викне на кастинг специјален за филм кој е за Ромите туку да ме вика општо кога се снимаат разни филмови. Зошто тогаш не ме примаат на некој филм, поради мојата боја? Тогаш што треба да земам од дома една кофа вода со бело брашно, да се направам бела и да им излезам вели Санела Емин.

Санела се соочува со дискриминација на речиси секој чекор. Но, вели дека не сака да поднесува претставки до надлежната Комисија, затоа што сака да биде препознаена во ова општество како актер, но и човек.

Санела живее во Шуто Оризари. Општина во која доминантно население се Роми, на кои според Санела, им се одземаат основните права уште од самото раѓање и тоа продолжува низ целиот нивни живот. Објаснува дека Ромите се соочени со тешкотии во остварување на правата во сите области во општеството.

-Во автобус исто плаќам 1.400 денари месечен билет, некој се вози во луксузен автобус, а јас се возам во автобус којшто можам да кажам дека е од 98 година. Слободно можеш да се загушиш и после зошто Ромите умирале. Мислам не сум овде јас таа што треба премногу да се жалам и ние сме винови самите на себе, но поголемата дискриминација доаѓа од другата страна, ама јас веќе сум оперирана. Едноставно само се смеам и се тргам на страна. Секој човек е човек и секој човек го дише истиот воздух, додаде Санела.

Иако Ромите се соочуваат со дискриминација, сепак според надлежните никој од нив не поднел претставка до Комисијата, која пак ги охрабрува да не молчат.

Од Комисијата за дискриминација велат дека интензивно се работи на терен, но инсистираат работата да се прошири на ниво на цела држава и во секоја општина, каде на луѓето би им станало појасно дека можат да пријават дискриминација по различни основи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе