Вести Македонија

МОН: Од понеделник започнува исплатата на средства за субвенциониран студентски оброк

Студентите кои ги исполниле условите за субвенциониран оброк од понеделник, со стартот на новата академска година, ќе може да го користат ваквата поволност информираат од МОН.

Од ресорното министерство потсетија дека оваа година износот ќе изнесува 140 денари, ќе се исплаќа на дневна основа, а средствата ќе може да се трошат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

МОН потсетува дека можноста за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите студенти кои досега поради било какви причини не го оствариле ова право, останува отворена секој нареден месец, од први до седми во месецот, а аплицирањето се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две нови барања на семејства на загинати во пожарот во „Пулс“ во Кочани, во сабота нов „Марш на ангелите“

Дејан Дејан

Судијката Даниела Димовска е в.д. претседателка на Кривичен

Дејан Дејан

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе