Вести Македонија Топ вести

Кои се грешките на судот со конфискацијата на Трансмет – Судскиот совет има извештај, обвинителството пак ја обвинува Антикорупциска

Кои се грешките на судот со конфискацијата на Трансмет, Судскиот совет изготвил извештај и известил за своето постапување во Антикорупциска комисија која е задоволна од постапувањето по нивната иницијатива за конфискацијата на Трансмет. Обвинителството пак е незадоволно од јавното објавување на информацијата токму од ДКСК во јули затоа што според нив дополнително ја одложило јавнообвинителската одлука за неуспешно реализираната конфискација вредна над 14 милиони евра во предметот Труст. Емисијата КОД со истражување за конфискацијата на Труст, објавена на Телма, синоќа ја доби европската награда за истражувачко новинарство.

На денешната седница ДКСК извести дека добила известување од Судскиот совет дека формирале работна група која ги посетила сите 4 судови во Скопје низ кои неуспешно се тркала конфискацијата на Трансмет и заклучоците од работата ќе бидат презентирани додека за „констатираните активности во Кривичниот, Граѓанскиот, Апелациониот и Врховниот суд ќе бидат преземени соодветни мерки во нивна надлежност“. За откриеното ќе бидат известени и други надлежни институции и органи, но детали немало во дописот од Советот.

Се придвижуваат работите. Судскиот совет веќе ги разгледува и постапува по иницијативте на Антикорупциска, особено што предметот „Трансмет“ е доста обемен и доста сложен за неможноста на државата да го конфискува имотот којшто е стекнат со кривично дело. Ќе се постапува по ова и вистината ќе излезе на виделина, вели Шемши Салаи од ДКСК.

Антикорупциската комисија во јули ги објави фрапантните сознанија за тоа кој се учествувал во спречување на реализација на пресудената конфискација со која наместо 14 милиони се собрани само 2 милиони евра, по што бурно реагираше обвинителството. Од обвинителството на прашање на Телма оценуваат дека таквата постапка и проверка на иницијативата поднесена од АНтикорупциска наместо да помогне, ја успорила нивната истрага која е на самиот крај затоа што проверувале веќе прибрани докази.

Штетата на постапката за која беше јавната реакција на обвинителството се однесуваше токму на одолговлекување на постапката на овој начин, но и на јавно презентирање на невистинити и погрешно интерпретирани факти, кои ја нарушуваат пресумпцијата на невиност и без соодветен доказ го прејудицираат текот на постапката. Jавнообвинителската одлука се изготвува и штом биде донесена, јавноста ќе биде известена, соопштија ов обвинителството.

ДКСК во јули на седница објави шема од десетина фирми и имиња на десетина поединци кои според нив учествувале во разграбувањето на имотот кој беше државен по конфискацијата на Трансмет. Меѓу нив се фирмите Пуцко Петрол и Технопат, потоа фирми од Виена и од Загреб, синот и снаата на пратеникот Асмир Јахоски, поранешниот директор на Шпаркасе Банка Саша Боко, како и 4-ца членови на семејството на Сеад Кочан. Дел од имотот е вратен со пресуди, но конфискуваната механизација не е повратена ниту на суд-туку е продадена како залог за кредит.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе