Емисии Код

КОД: Кога политиката ќе креира право без правда и без казна за своите

Голема финансиска штета со измените на Кривичниот законик, открива КОД во своето издание емитувано на 24.09.2023.  

Колку штета ќе предизвика ненадејната политичка интервенција со измените на Кривичниот законик. Само во случаите кои емисијата КОД ги анализира, штетите на сметката на буџетот може да изнесуваат стотици милиони евра.

Станува збор за предизвикана штета на буџетот со злоупотреба на положбата на обвинетите функционери чии предмети сега застаруваат, потоа конфискацијата на имотната корист ќе биде проблематизирана, а на крај функционерите-обвинети за криминал ќе имаат дури и можност за наплата на одлежан притвор.

Прочитај повеќе: По законските измени, народот ќе им плаќа оштета на обвинетите од СЈО

По законските измени, народот ќе им плаќа оштета на обвинетите од СЈО

Додека врвот на обвинителството не открива каков план, некои од обвинителите со кои разговараше КОД велат дека ќе продолжат на суд да ги бараат парите украдени од функционери криминалци.

Во недела (24.09.2023.) во 19:15 на Телма почна новата 18-та сезона на емисијата КОД.

Во оваа емисија повеќе и за владината седница на кои се усвоени контроверзните измени на Кривичниот законик со вкус на амнестија за функционери. На фотографиите и во соопштенијата воопшто ги нема надлежните функционери од Министерството за правда ниту информација за усвојување на предлогот за измена на Кривичниот законик.

Во емисијата експертско мислење за сите случаи на СЈО кои преку Собранието ќе застарат со нов политички удар врз темелите на правната држава.

Конфискацијата како проблем за успешно справување со корупцијата. Обвинителите ретко бараат, судиите уште поретко пресудуваат по сопствена иницијатива, иако законот дозволува, ама не го уредува процесот на заплена на криминално стекнат имот при вршење функција или при вршење кривични дела.

Целата емисија на наредниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Молк за докази во полза на доживотен затвореник, интервју со директорот на затворската Управа Пандов за куќата која изгоре во подметнат пожар

Дејан Дејан

КОД: Интервју со Пандов за затворската корупција и запалената куќа

Дејан Дејан

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе