Вести Македонија Топ вести

Вооружената група го напуштила манастирот во Бањска, таму сега се распоредени косовската полиција и ЕУЛЕКС

Групата вооружени лица го напуштила манастирот Бањска, соопштија од Рашко-призренската епархија на СПЦ. Вооружените лица, според соопштението на епаријата, кои упаднаа претходно денеска во манастирот, го напуштиле и сега во дворот и пред капијата на манастирот е распоредена косовска полиција.

Велат дека таму сега ситуацијата е мирна, иако сѐ уште владее неизвесност и загриженост меѓу монасите и затекнатите 50-на верници од Нови Сад.

Рашко-призренската епархија ја известува јавноста дека ситуацијaта во манастирот Бањска во моментов е мирна, иако сѐ уште се чувствува страв поради денешните случувања, како во околината, така и во самиот двор на манадиторт, се наведува во соопштението.

Освен косовската полиција, во дворот на манастирот се и припадници на ЕУЛЕКС заедно со шефот на мисијата Џовани Пјетро Барбано.

Од епархијата додаваат дека засега во конакот на манастирот ќе останат и верниците, кои во текот на утрешниот ден ќе даваат искази на косовската полиција во врска со денешните настани.

Од управата на манастирот јавуваат дека за сега сите се добро, редовно се вршат богослужбите во капелата на конакот, со надеж дека оваа драма што побрзо заврши, се вели во соопштението на Рашко-призренската епархија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе