Вести Свет Топ вести

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на припадник на косовската полиција во северно Косово

Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско кај Лепосавиќ, во северно Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањско, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањско од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани.

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јусеин Болт ќе биде бренд амбасадор на „Експо 2027“ во Белград – „Молњата од Јамајка“ на средба со Вучиќ

Дејан Дејан

Удрил девојче по глава, го влечел по улица, се заканувал со секира и тесла на полицајци – предложен притвор за 23-годишен велешанец

Дејан Дејан

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе