Казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела вода и Бутел, во Скопје, како и во Струга, соопшти преку фејсбук, директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.
Тој пишува и дека секој мора да ги почитува законите и одуките на владата, и апелира, до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на Пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.
Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда потрошувачите, напиша Трајковски на фејсбук.
Владата во средата ги замрзна цените на основните прехранбени производи, со 10 отсто поевтинување, од оние на први август. Тогаш беа најавени и засилени инспекциски контроли и казни за сите што нема да ја почитуваат одлуката на владата.