Вести Македонија Топ вести

11-месечно бебе повредено во градинка во Шуто Оризари

Татко на 11-месечно бебе тврди дека вчера неговото дете било тешко повредено во градинката 8-Април во Шуто Оризари. Вели дека бебето било само дваипол часа во градинката и за тој период добило видливи повреди под десното око, гребнатини по телото и скршена му била клучната коска. За повредите сметаа дека се виновни двете негувателки кои не го информирале навремено семејството.

Кога мајката го однела бебето дома забележала дека тоа плаче без престан. Првично сметала дека тоа е така бидејќи бебето овој месец почнало да оди во градинка и сѐ уште му е фаза на адаптација, но подоцна ги забележала видливите повреди по телото и по одговори се упатила во градинката.

Негувателките тврдеа дека е нормално за бебето да е вознемирено затоа што му растеле заби. Таа нервоза кај бебето била причина за самото да се повреди, вели Имер Салиу, татко на бебето.

За да утврдат што точно му се случило на бебето и каква е неговата здравствена состојба, го однеле во Ургентниот центар каде им потврдиле дека има скршеница. Семејството на бебето кое е поврзано со поранешниот пратеник Шабан Салиу сега бара одговори и од градоначалникот на Шуто Оризари.

Како загрижен родител барам одговорност од сите надлежни институции, а особено од Општината Шуто Оризари. Бидејќи тие ги вработуваат негувателките би сакал лично од нив одговор врз основа на што се они вработени, додава таткото на бебето.

Градоначалникот Дудуш смета дека се ова има друга позадина, но остава на надлежните институции да ја завршат својата работа.

Семејството случајот вчера го пријавило во полиција.

Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштението на Министерството.

Денеска сите беа на информативен разговор во полициска станица. Надлежните треба да утврдат што точно се случило.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе