Една недела по одлуката на македонските власти и официјална Софија донесе одлука за протерување на свештеникот Змеев од Бугарија.. Покрај него непожелни во Бугарија се уште двајца свештеници, кои пак имаат белоруско државјанство. Бугарскиот премиер Денков денеска пред новинарите во Софија рече дека нивните дејствија биле во спротивност со бугарското законодавство.
Чинот на протерување на руските црковни службеници, официјална Москва, го оцени како богохулен, особено затоа што се случил на празникот Рождество на Пресвета Богородица. Руската црква во Бугарија сега ќе биде затворена најави, портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.
„Ние сме револтирани и шокирани од она што се случи. Ова уште еден доказ дека сегашното раководство на Бугарија е јасно на пат да ги уништи не само политичките контакти меѓу нашите земји, туку и културните и човечките врски меѓу народите. Целта е вели Захарова, прекин на односите меѓу сестринските руска и бугарска православна црква “, истакнува портпаролката на МНР на Русија.
Но, поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи Милен Керемедчиев, за бугарските медиуми изјави дека овие црковни лица биле активни и во Македонија, а основна цел на руското разузнавање е Бугарија и Македонија да имаат лоши односи, а Македонија да не тргне по европскиот пат.
Билјана Ставрова