Вести Македонија Најважни

Избувнал пожар во стан, па пронашле починат маж – екипи на крим техника и МВР ќе ги утврдуваат причините за смртта

Загина 35-годишен маж откако во неговиот семеен дом избувна пожар. Чадот и пламените јазици ги кренаа на нозе жителите на улицата Исаија Маџовски. Опожарениот стан кој со часови гореше го гаснеа три противпожарни возила, а на местото дојдоа и екипи на итната медицинска помош која ја констатирале и смртта.

Веднаш беа упатени две противпожарни од Ѓорче Петров кој што затекнаа пожар во разгорена фаза и побараа дополнителна помош. Беше испратено уште едно возило од најблискиот центар од Тавталиџе . Освен материјална штета што е причинета во опожарениот стан пронајдено е и едно починато лице, вели за Телма Звонко Томески командир на против пожарна бригада Скопје.

Соседите вознемирени не сакаа да зборуваат пред камера, кратко кажаа дека тој живеел сам, но не ги знаат причините за трагедијата. Случајот го потврдија и од МВР.

На 22.09.2023 во 09.47 часот во СВР Скопје пријавен е пожар во стан на ул. Исаија Маџовски во Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан пронајден е починат И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.

На увид дојдоа и екипи на крим техника за дополнително да ги утврдат причините за смртта на 35- годишниот маж. Остатоците од пожарот останаа да сведочат за трагедијата која утрово се случи во скопската населба Хром.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе