Вести Македонија

Годинава набавени за 50% повеќе вакцини против грип – вакцинацијата ќе почне на средина на октомври

Министерството за здравство годинава набави за 50% поголема количина вакцини против сезонски грип и вакцинацијата почнува во средина на октомври. За зголемениот број вакцини придонесе и Работната група за глобално здравје, со чии претставници министерот за здравство Меџити се сретна во Њујорк, соопштија од министерството.
– Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената помош и подршка за оваа година со 15 000 дози Инфлуенца вакцини. Беа разгледани актуелните предизвици и приоритети со цел унапредување на здравствените услуги, за што претставниците на PIVI изразија подготвеност за поддршка. Соработката со PIVI започнува од 2018/19 година со лансирање на кампањата за бесплатна вакцинација на лица над 65 години за Инфлуенца. Следни чекори кои ни претстојат во склоп на оваа соработка е развој на Национална програма за Инфлуенца вакцинација, зголемување на бројот на вакцинирани кои спаѓаат во ризичните групи, развој на комуникациска стратегија наменета да ги таргетира овие ризични групи и зголемување на свесноста на популацијата и здравствените работници за Вакцинацијата против Инфлуенца, соопштија од МЗ. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе