Вести Македонија

Георгиевски до Груевски: Сѐ што ми направи мене, сега ти го прават тебе

На вербалната пресметка меѓу актуелниот лидер на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и поранешниот премиер и бегалец Груевски, се надоврза и Љубчо Георгиевски, поранешен премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега претседател на ВМРО-НП.

Преку својот Фејсбук профил му упати порака на неговиот некогашен сопартиец, Груевски дека се соочува со истите работи кои тој му ги правел нему кога го наследил на лидерската позиција.

„Сѐ што ми направи мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни“,пишува Георгиевски.

Тој испрати порака и до „ВМРО-Шумадија“.

„Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27 април. Да ѝ помогнете на Македонија на патот до Европа“, пишува Георгиевски на Фејсбук.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе